Влошена здравствената состојба на Мандела

Влошена е здравствената состојба на поранешниот претседател на Јужна Африка, Нелсон Мандела. Тамошната влада вчера соопшти дека Мандела е во болница во критична состојба. Во посета на 94-годишниот поранешен лидер во борбата против апартхејдот синоќа бил и јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума.
Мандела стана првиот црн претседател на Јужна Африка по завршувањето на апартхејдот во 1994 година. Тој беше примен во болница на 8 јуни поради инфекција на белите дробови. Зума ги повика жителите на Јужна Африка и на остатокот од светот да се молат за Мандела, неговото семејство и за медицинскиот тим што се грижи за него.