Временска прогноза - сончево и топло

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и посвежо од вчера за 4 до 5 степени. Локално ќе има појава на краткотраен дожд, грмежи и засилен ветер особено во источните делови. Температурата ќе се движи од 26 до 35 степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 33 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува осум.