Едвард Сноуден побарал азил во Еквадор

Русија

Владата на Еквадор соопшти дека поранешниот соработник на американската Национална служба за безбедност Едвард Сноуден побарал азил во оваа латино американска држава.
Руски Аерофлот претходно соопшти дека Едвард Сноуден слетал во Москва. Тој претходно го напушти Хонк Конг, но Москва не е негова конечна дестинација. Сноуден резервирал авионски билет од Москва за Хавана, каде што треба да слета на 24 јуни, а потоа имал резервирано билет од главниот град на Куба до престолнината на Венецуела, Каракас.
САД бараат екстрадиција на Сноуден, откако тој обелодени детали за тајни американски програми за надзор.