ЛГБТ заедницата бара осуда за насилствата врз нив

Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ , ЛГБТ Јунајтед и Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија во заедничко соопштение го осудуваaт насилството од омраза пред споменикот на „Воинот на коњ“, хулиганското дивеење и демолирањето на ЛГБТ центарот во „Стара Чаршија“ и говорот на омраза кој поттикнува на насилство и дискриминација.

Тие бараат од МВР најитно да ги открие и уапси сторителите на кривични дела.
Го повикуваат и премиерот и претседателот на Македонија да го осудат ваквото насилство, затоа што ЛГБТИ луѓето се граѓани на Република Македонија и истите треба да бидат почитувани и заштитени како и сите останати граѓани на оваа држава.

Барање за осуда на насилството упатуваат и до лидерите на политичките партии, и од лидерите на верските заедници.