Експлозија на бомба во Дамаск - најмалку 3 жртви

Архивска фотграфија - експлозија во Дамаск.

Најмалку тројца луѓе загинале, а десетина се повредени во експлозија на бомба во Дамаск, соопшти Сириската опсерваторијата за човекови права со седиште во Лондон. Државната сириска телевизија објави дека тројца цивили се убиени во самоубиствениот напад. Идентитетите на загинатите, односно дали се воени лица или цивили, не може да биде независно потврден.

Во меѓувреме, францускиот претседател Франсоа Оланд повика бунтовниците во Сирија да ги повратат зоните кои потпаднаа во рацете на екстремистички исламистички групи. Тој рече дека ако екстремистите имаат корист од хаосот, сирискиот претседател Башар ал Асад ќе го искористи тоа како изговор да продолжи со масакрот.