Античкиот град Херсонес Тавријски - светско културно наследство

Голестанскиот дворец во Техеран.

Античкиот град Херсонес Тавријски на брегот на Црното Море во Украина доби статус на светско културно наследство од агенцијата за култура на ОН, УНЕСКО, на денешното годишно собрание на агенцијата во главниот град на Камбоџа, Пном Пен. Херсонес Тавријски бил пристаништен град основан од Античките Грци во V век пред новата ера. Градот подоцна станал центар на производството на вино.

УНЕСКО исто така им додели статус на светско наследство на градот Каесонг во Северна Кореја, Голестанскиот дворец во Техеран, вилите на семејството Медичи во Италија, како и на Планинскиот парк Вилхелмсхон во градот Касел во Германија. Претходно оваа недела, УНЕСКО ги прогласи за светско наследство и планината Фуџи во Јапонија, планината Етна во Италија, ридските тврдини во Раџастан во Индија, како и песочните мориња во пустината Намиб на југот на Африка.