Албанскиот претседател повика на мирни избори

Албанскиот претседател Бујар Нишани.

Албанскиот претседател Бујар Нишани упати апел денешните парламентарани избори во Албанија да минат во слободна и фер атмосфера, без тензии кои би го нарушиле изборниот процес.

„Ова е значаен ден кој им припаѓа на граѓаните и затоа треба да покажеме воздржаност и почит кон законот. Политичките програми се многубројни, но индината на земјата е единствена“, изјави Нишани.

Изборите во Албанија ги набљудуваат над 8.000 домашни и околу 600 странски наблудувачи, а за безбедноста на изборите се ангажирани 6.200 припадници на полицијата.

Утрината еден човек е убиен, а тројца се повредени на гласачко место.