Валенда се подготвува да го премине Големиот кањон

Акробатската легенда Ник Валенда ќе се обиде да премине клисура во близина на Големиот Кањон во Аризона, одејќи по јаже. Тој ќе се обиде да ја премине Малата клисура на реката Колорадо и да изоди 400 метри по јаже, ако дозволат временските услови. Обидот да се премине Кањонот доаѓа на една година откако Валенда одеше по јаже над Нијагарините водопади. Овој пат, 34-годишниот Валенда нема да носи сигурносни затегнувачи иако ќе оди по челичен кабел кој се протега на 450 метри над земјата. Тој рече дека единственото нешто што ќе го спречи да го направи тој потег се молњите во таа област.