Девет странски туристи убиени во Пакистан

Девет странски туристи и еден Пакистанец се убиени во нападот на вооружени лица на еден хотел во северниот дел на Пакистан. Амбасадорот на Украина во Пакистан потврди дека петмина од жртвите биле украински државјани, а руската државна Агенција за туризам потврди дека еден од убиените е Русин. За другите жртви се верува дека се кинески државјани. Портпаролот на пакистанските талибанци, изјави дека нападот е во знак на одмазда за странските воздушни напади во Пакистан.