Кери повика на зајакнување на воената помош за сириските бунтовници

Американскиот државен секретар Џон Кери зборува на состанокот на претставниците на групата „Пријатели на Сирија“ во главниот град на Катар, Доха.

Американскиот државен секретар Џон Кери ја повика групата земји „Пријатели на Сирија“ да ја зајакнат воената помош за сириските бунтовници. За време на денешниот состанок на претставниците на 11 земји во главниот град на Катар, Доха, Кери рече дека зголемувањето на поддршката за бунтовниците е важна за зајакнување на нивната позиција на предложените мировни преговори со сириската влада. Пред претставниците на САД, Европа и регионалните сили, Кери рече дека поддршката за бунтовниците нема за цел да обезбеди воена победа за нив. Тој додаде дека мировните разговори, кои се очекува да се одржат летово во Женева, се најдобар начин за завршување на двегодишниот конфликт во Сирија. Кери го обвини сирискиот претседател Башар ал-Асад дека го интернационализира конфликтот барајќи помош од Иран и од либанското шиитско движење Хезболах.