Заев на состанок на Советот на европските социјалисти во Софија

Претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев учествува на дводневниот состанок на Советот на европските социјалисти - ПЕС кој се одржува во Софија, Република Бугарија. Како што соопшти опозициската партија, на состанокот на највисокото тело на ПЕС, акцентот бил на отворањето на повеќе работни места за младите во цела Европа, но и на индустриската политика која ќе ја застапува европската левица.

Лидерот на СДСМ Заев се сретнал со новиот бугарски премиер, Пламен Орешарски, а на средбата станало збор за билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Заев, според партиското соопштение, побарал поддршка од Орешарски за Македонија да направи исчекор кон ЕУ, односно да добие датум за почеток на преговори.

Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, на состанокот побарал итни реформи на Европската унија заради граѓаните на цела Европа и пред се заради младите.