ФИФА - Нема прекин на Купот на конфедерации во Бразил

Нема прекин на Купот на конфедерации што се одржува во Бразил и покрај големите протести кои го зафатија Бразил,одлучи Светската фудбалска асоцијација (ФИФА).

„ФИФА и Организацискиот комитет на натпреварувањето не разгледуваа можност за какво било прекинување“, соопштува ФИФА.

Претходно неколку бразилски медиуми најавија можен прекин на Купот на конфедерации.

Изминативе неколку дена низ повеќе бразилски градови се случуваат масовни протести поради социјални проблеми, како што се високи даноци, инфлација, корупција, зголемени цени на јавните услуги, како и поради големите трошоци за подготовка на Светското фудбалско првенство 2014 и ЛОИ 2016 година кои се проценуваат на 25 милијарди долари.