Состанок на „Пријатели на Сирија“ во Катар

Американскиот државен секретар Џон Кери.

Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во Доха на средба со министрите за надворешни работи на земјите од групата „Пријатели на Сирија“. Тие треба да разговараат за тоа како да се наоружаат бунтовници кои се борат против режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Министрите за надворешни работи на Велика Британија, Египет, Франција, Германија, Италија, Јордан, Катар, Саудиска Арабија, Турција и Обединетите Арапски Емирати исто така се очекува да присуствуваат на состанокот во Катар.

Минатата недела, Соединетите Американски Држави соопштија дека имаат докази дека сириската влада користела хемиско оружје и дека Вашингтон е подготвен да започне обезбедување на оружје за бунтовниците. Европската унија го укина ембаргото за опозицијата за набавка на оружје. Опозициските борци неодамна претрпеа серија неуспеси во борбата со владата.