Путин апелира за усвојување на закон за амнестија

Рускиот претседател Владимир Путин упати апел до руските пратеници да го усвојат предлог – законот за амнестија на лица кои прв пат се обвинети за финансиски криминал. Путин на економскиот Форум во Санкт Петерсбург рече дека очекува Думата да го изгласа законот пред почетокот на летните одмори од 5 јули. Претседателот појасни дека амнестијата не се однесува на лица кои извршиле криминал против народот, државата или лица кои краделе имот. Претседателот дополни дека амнестијата не важи ни за лица кои претходно биле осудувани.