Алиев демантира дека во Азербејџан има политички затвореници

Претседателот на Азербејџан Илхарн Алиев демантира дека има политички затвореници во неговата земја. Тој во Брисел ги прогласи за лажни извештаите во кои се констатираат рестрикции на слободата на медиумите и затворање на политичките противници во Азербејџан. Претседателот исто така вели дека постојат услови за организирање на фер и демократски претседателски избори во октомври.