Критичките новинари се заплашуваат во Македонија

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Има заплашување кон критичките новинари и оние кои се занимаваат со истражувачко новинарство. Македонија општо земено нема проблем со законите, туку со нивното спроведување, заклучи специјалниот известувач за слобода на мислење и изразување на ОН Франк Ла Ру по неколкудневната посета на земјава. Ла Ру потенцира четири случи со кои бил запознаен и во кои препознал заплашување кон критички ориентираните новинари. Го наведе затворањето на А1 и трите весници во 2011, потоа затворањето на неделникот Фокус и неспроведувањето истрага за смртта на неговиот сопственик Никола Младенов, притворањето на новинарот Томислав Кежаровски од Нова Македонија, како и случајот со тужба против новинари на Фокус од страна на директорот на ДБК Сашо Мијалков за пренесена изјава.