Во Шпанија разбиена регрутна мрежа на Ал Каеда

Шпанската полиција соопшти дека разбила мрежа на Ал Каеда која регрутирала борци за во Сирија.
Осум осомничени биле уапсени на шпанска територија во близина на границата со Мароко во северозападна Африка.
Тие биле обезбедени со пари и средства за да патуваат по наредба на Ал Каеда. Повеќе детали за операцијата нема.