Грција - и натаму без договор за судбината на ЕРТ

Лидерите на владеачката грчката коалициона влада доцна синоќа ги прекинаа повеќечасовните преговори без да постигнаат договор за судбината на државната радиотелевизија ЕРТ.
Според грчките медиуми, оваа криза, која започна пред една недела со одлуката на премиерот Андонис Самарас за времено затворање на ЕРТ, сериозно го доведува во прашање опстанокот на владината коалиција.