Денеска почнува манифестацијата „Скопско лето“

Во Македонската опера и балет вечер свечено ќе биде отворена 34. летна културна манифестација на главниот град „Скопско лето“. Отворањето ќе биде со Деветтата симфонија на Бетовен во изведба на 26-член мешан хор од Јапонија заедно со комплетниот состав на Хорот и Оркестарот на МОБ. Концертот ќе го води јапонскиот диригент Шунго Моријама, а солисти ќе бидат сопранистката Еми Хишики и баритонот Кеизуке Отани од Јапонија и мецосопранот Ирена Кавкалевска и тенорот Ѓорѓи Цуцковски од Македонија. На „Скопско лето“ годинава ќе има околу 2.000 учесници од Македонија и од над 20 земји, 70 програмски содржини кои ќе се одржуваат на отворените простори низ градот, а главни локации се МОБ, платото пред Универзалната сала и скопската чаршија.