Руска нафта за Кина во вредност од 60 милијарди долари

Рускиот претседател Владимир Путин, во Санкт Петерсбург, се состана со кинескиот вице-премиер Жанг Гао Ли. Како што изјави Путин, на средбата било договорено руската компанија Роснефт ќе и испорача на Кина стотици милиони тони нафта, во вредност од 60 милијарди долари. Русија планира да гради неколку нафтоводи и гасоводи кон Кина, но почетокот на рботите досега беше одложуван поради несогласувања околу цената на енергенсите.