Талибанците сакаат размена на затвореници со САД

Авганистанските талибанците соопштија дека се подготвени да разменат еден американски војник заробен од 2009 за пет талибанци затворени во затворот во Гвантанамо.
Тие преку канцеларијата во Катар соопштија дека американскиот војник бил во добра состојба, јави Асошиетед Прес.
Портпаролот Сухаил изјави дека размената на затвореници е прва точка на дневниот ред на Талибанците пред отворањето на преговорите во Катар со американските власти кои најверојатно ќе бидат одложени оваа недела.