Туристичка загуба на Истамбул, поради немирите од 54 милиони евра

Поради немирите што ја зафатија со анти владините демонстрации Истанбул, туризмот на овој град регистрира загуби од 54 милиони евра.
За две недели, поради протестите на Таксим, биле откажани над 140.000 хотелски резервации, а хотелите биле пополнети само 30 проценти од капацитетите. Хотелиерите не очекуваат враќање на планираниот профит и по нормализирање на ситуацијата и прекин на протестите.
Бројот на резервации е значително намален и за јули и август.