Владина делегација на Eкономски форум во Санкт Петерзбург

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, заедно со министрите за економија и за привлекување странски инвестиции Ваљон Сарачини и Веле Самак, учествува на Меѓународниот економски форум, кој се одржува во Санкт Петерзбург.
На форумот теми на разговор ќе бидат светските економски политики, стимулирањето на инвестициите и забрзувањето на растот на економијата, управувањето со државниот долг, реформите во меѓународниот финансиски систем, развојот на енергетскиот пазар и зголемување на светската трговија.