Ванг Јапинг - кинеска лекција од вселената

Ванг Јапинг

Кинеската астронаутка Ванг Јапинг , од орбитата, 300 километри над Земјата, одржа предавање на ученици преку видео линк.
Предавањето на Јапинг, втората жена од Кина која е во вселената со леталото Шензу -10, беше емитувана во живо на националната телевизија.
Таа ги објаснуваше основните принципи на бестежинската состојба и однесувањето на водата во вселената.
Во дискусијата учествуваа и други астронаутите.
Десетици милиони кинези го следеле настанот.