Грчката влада во криза - нема договор за ЕРТ

Партиите од владеачката коалиција во Грција и натаму без договор за судбината на државната радио телевизија – ЕРТ. Лидерите на трите партии по синоќешната неуспешна средба и денеска ќе ги продолжат разговорите на оваа тема. Врховниот административен суд на Грција, имено утврди дека емисиите на ЕРТ привремено треба да се обноват, се додека не се создаде нова државна радио телевизиска компанија.
Премиерот и претседател на конзервативната партија Нова демократија Андонис Самарас, според западни медиуми, сам ја предизвика кризата, затворајќи ја еднострано државната радио и телевизија на 11 јуни, без согласност на партнерите од владеачката коалиција, заради неефикасност, разуздано трошење и исчезнати средства.