Почина Џејмс Гандолфини, актерот што го играше Тони Сопрано

Сцена од серијата „Сопранови“

Американскиот актер Џејмс Гандолфини, познат по неговата улога на мафијаш во ТВ серијата „Сопранови“, починал на 51 година. Како што соопшти ХБО, ТВ мрежата која ја емитуваше серијата, Гандолфини починал за време на одморот во Италија, најверојатно од срцев удар.
Во соопштението се вели дека тој бил голем талент, љубезна и сакана личност. Гандолфини го играше мафијашкиот „бос“ Тони Сопрано во серијата што се прикажуваше од 1999 до 2007 година, која во многу избори беше прогласена за најдобра ТВ серија во историјата.