4-ца американски војници загинале при нападот врз базата во Баграм

Талибанците ја превзедоа одговорноста за ракетниот напад врз воздушната воена база во Баграм, Авганистан, при што загинаа 4-ца американски војници. До нападот дојде само неколку часа откако талибанските лидери соопштија дека се подготвени за преговори со претставници на Соединетите Држави во Катар кон крајот на неделава. Според портпарол на талибанците, тие се подготвени да ги елиминираат, како што се вели, упориштата на американското присуство во Авганистан и покрај согласноста за преговори.