Кипарскиот претседател го нападна европскиот спасувачки план

Кипарскиот претседател Никос Анастасијадис во писмо испратено од шефовите на еврозоната, остро ги нападна условите на европскиот спасувачки план, што во март и беше наметнат на неговата земја, пренесоа француските медиуми. Кипарскиот конзервативен претседател посочува дека намалувањето на банкарските депозити, што е мерка без преседан во еврозоната, била наметната врз најголемите сметки во двете главни банки на островот без внимателна подготовка.