Средба Беџети - Франк Ла Ру, известувач на ОН

Министерот за правда Блерим Беџети денеска во Скопје се сретна со специjалниот известувач на Обединетите нации за унапредување и заштита на правото на слободата на мислење и изразување, Франк Ла Ру.
На средбата, како што соопшти Министерството за правда, преставниците на ОН биле заинтересирани за кривичното дело „говор на омраза“, односно за измените и дополнувањата на Кривичниот законик, за Законот за граѓанска одговорност за клеветата и навредата, за Законот за електронски комуникации и за Законот за пристап до јавни информации.