Папуљас: Скопје да се откаже од својата непопустливост

Каролос Папуљас

„Се додека Скопје инсистира на идеолошката конструкција на македонизмот се дотогаш ќе ја држи затворена вратата на НАТО, а процесот на интеграција во Европската унија ќе биде замрзнат.“ Ова го изјави претседателот на Грција Каролос Папуљас во интервју за српскиот весник „Политика“. Папуљас кој од денеска е во дводневна посета на Србија, изрази очекување Македонија да се откаже од својата, како што вели, постојана непопустливост за да се најде дефинитвно решение. Тој во Белград, меѓу другото, ќе разговара со српскиот претседател Томислав Николиќ, а ќе се состане и со патријархот на Српската православна црква Иринеј.