Иран ветува транспрентнот за нуклеарната програма, САД се сомнева

Иранскиот новоизбран претседател Хасан Рохани изјави дека „поголема транспарентност“ за нуклеарната програма ќе помогне во намалувањето на меѓународните економски санкции со кои се соочува Техеран. Тој во својот прв говор на прес конфренција по изборите, ги оцени санкциите како „ брутални “ и неоправдани.
Рохани сепак ја отфрли можноста за запирање на програмата за збогатување со ураниум.
Во меѓувреме портпаролот на американскиот Стејт Департмент Џен Псаки во Вашингтон изјави дека иранскиот врховен верски лидер ајатолах Али Каменеи е главен и одговорен за државната нуклеарна програма, а не Рохани.