Утре во Скопје министерски состанок на Јадранската повелба.

Во рамки на македонското претседавање со САД - Јадранската повелба утре во Скопје ќе биде одржан состанок на Партнерската комисија на ниво на министри за надворешни работи.

Состанокот, како што соопшти денеска Министерството за надворешни работи, ќе ја одбележи десетгодишнината од потпишувањето на Повелбата, активностите во насока на зајакнување и промовирање на соработката, мирот и безбедноста, во функција на евроатланската интеграција на земјите од регионот и поддршката на САД.

На состанокот покрај министрите за надворешни работи и високите политички претставници на земјите членки на Јадранската повелба (Македонија, Хрватска, Албанија, Црна Гора и БиХ) ќе учествува и заменик помошникот на Државниот секретар на САД, Филип Рикер, а во својство на набљудувачи поканети се и министрите за надворешни работи на Косово и на Србија.

Согласно активностите предвидени со Акциониот план на македонското претседавање, на средбата ќе се дискутираат модалитетите за засилување на соработката меѓу А5 земјите во пресрет на следниот НАТО Самит, како и можностите за заедничка контрибуција во новата НАТО предводена мисија во Авганистан по 2014 година