Премиерот на Чешка ќе си поднесе оставка

Чешкиот премиер Петар Нечас ќе си поднесе оставка во понеделник, јави Би-Би-Си. Одлуката на Нечас следи по период на политички тензии. Чешкото обвинителство, по голема акција на финансиската полиција, покрена обвиненија против 7 лица, вклучувајки ја и шефицата на кабинетот на премиерот, поранешни пратеници, како и двајца воени разузнавачи. Станува збор за еден од најголемите корупциски скандали во Чешка. Медиумите јавуваат дека владеачката коалиција ќе се обиде да формира нов владин состав.