Протести во Чаир против уништување на парковите

илустрација

Жителите на Чаир протестираа против изградбата на висококатници на зелените површини, јавуваат македонските медиуми. Насобраните граѓани побарале деталниот урбанистички план да биде објавен јавно и транспарентно. Од општината реагираат дека надлежните министерства веќе продале дел од зелените површини, додека други биле вратени по пат на денационализација.