Сирија реагира на одлуката на Египет за прекин на соработка

Сирија, деновиве

Сиријската влада ја осуди одлуката на египетските власти на чело со претседателот Мухамед Морси за прекин на односите со Сирија. Во владиното соопштение кое го пренесуваат сиријските медиуми, Морси е прозван за организирање на заговор против Сирија. Реакцијата следи по најавата на претседателот на Египет за прекин на врските со Сирија, по што тој испрати апел за затворање на сиријскиот воздушен простор.