Почна со работа комисијата за настаните од 24 декември

Членовите на Ад-хок комисијата за расчистување на случувањата пред и во Собранието на 24 декември минатата година денеска ја утврдија динамиката на работа, согласно која во наредните 20 дена ќе има секојдневни состаноци на кои ќе се прегледуваат документи и изјави од Собранието, од пратеничките групи и од пратеници кои за неколку дена ќе треба да ги достават до Комисијата. Формирањето на Комисијата е обврска од мартовскиот договор постигнат меѓу власта и опозицијата, во присуство на европската тројка.