Идентификуван поранешен нацистички командант

Медиумите јавуваат дека маж од Украина кој наводно бил нацистички командант во Втората светска војна денес живее во Соединетите американски држави. “Асошиејтед прес” јави дека 94 годишниот Михаел Каркоц бил командант на украинскиот Батаљон за самоодбрана во склоп на нацистичките вооружени сили. Нема јасни докази за инволвираност на Каркоц во извршување на воени злосторства.