Европски форум во Австрија - "Од другата страна на кризата"

илустрација

Денеска во Ваху, Австрија се одржува Европски форум на тема „Од другата страна на кризата – контури на новата Европа”. Се очекува дискусиите да бидат фокусирани на неколку актуелни прашања важни за иднината на Европската унија и тоа: европската безбедносна и одбранбена политика, солидарност, економската перспектива низ призма на буџетските политики, како и улогата на културата во европската интеграција и надворешните односи на ЕУ. На настанот ќе учествува и македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски. Предвидено е тој да има излагање на тема „10 години Заедничка безбедносна и одбранбена политика - како понатаму?”.