ЕУ: политичко решение за кризата во Сирија

Единствен начин за излез од кризата во Сирија е изнаоѓање политичко решение, соопшти денеска Европската комисија, ден откако Вашингтон објави дека има докази оти сириските владини сили користеле хемиско оружје. Мајкл Ман, портпарол на високиот претставник Кетрин Ештон, изјави дека треба да им се даде шанса на мировниот процес и на најавената меѓународна конференција во Женева.