Џафери: нема безбедна Европа без интегриран Балкан

Талат Џафери

Земјите претставници од А5 форматот на денешната конференција во Охрид искажаа подготвеност за соработка и здружување на капацитетите и за продолжување на учеството во мисијата ИСАФ и по 2014 година. „Нема безбедна и сигурна Европа, ако Балканот, каде што припаѓаме, не е целосно интегриран во однос на безбедноста и во тој контекст сите поддржуваме земјите кои не припаѓаат на оваа иницијатива да ни се придружат“, изјави македонскиот министер за одбрана Талат Џафери. За американскиот амбасадор Пол Волерс А5 групата претставува одличен форум за координирање на натамошниот развој на земјите од регионот и начин на кој земјите ќе чекорат понатаму кон евроатласнките интеграции.