Гласањето во Иран ќе биде пролонгирано

Во Иран денеска е во тек гласањето за избор на нов претседател на државата. Гласачките места треба да бидат затворени во 18 часот, но министерот за внатрешни работи Мустафа Наџар изјави дека времето за гласање ќе биде продолжено. Има 6-мина претседателски кандидати, а според последните истражаувања на јавното мислење, најсериозни се поранешниот нуклеарен преговарач Хасан Рохани, кој се смета за умерен и про-рефрмски, и конзервативецот Мухамед Бакер Калибаф, актуелен градоначалник на Техеран. Доколку никој не го освои потребното мнозинство, вториот круг ќе се одржи на 21-ви јуни. На изборите во Иран нема странски посматрачи. Врховниот верски лидер, ајатолахот Али Хаменеи, откако гласаше, во врска со американското сомневања за демократските капацитети на Иран, изјави: “по ѓаволите со таквите коментари”.