Велика Британија нема да му дозволи влез на Сноуден

Британската влада побарала од авио-компаниите во светот да не му дозволат на Едвард Сноуден, разузнавачки консултант кој ги обелодени тајните следења, да не му дозволат да се качи на лет до Велика Британија. На Сноуден нема да му биде дозволен влез во Велика Британија, изјавил еден британски дипломат. Според Еф Би Ај Сноуден, со објавувањето на тајните податоци, значително ја загрозил американската национална безбедност и против него е покрената кривична истрага. Моментално не е познати каде се крие Сноуден, кој последен пат беше виден во Хонг Конг.