Денеска ќе биде погребан владиката Кирил

Владиката Полошко-кумановски Кирил денеска ќе биде погребан во манастирот „Свети Ѓорѓи“ во кумановско Дељадровце. Тоа била последната желба на митрополитот што Синодот на МПЦ ја прифати на последната седница.
Претходно во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје со почеток во 11 часот ќе се изврши опелото, со кое ќе чиноначалствуваат митрополитот европски Пимен, митрополитот повардарски Агатангел и викарниот епископ лешочки Јосиф, а погребот ќе почне во манастирот во 13:30 часот.
На седница на Синодот заканажа за 19 јуни ќе се избере новиот владика на Полошко-кумановската епархија. Дотогаш со Полошко-кумановската епархија ќе управува архиепископот г.г. Стефан со помош на викарниот епископ Лешочки Јосиф.