Претседателски избори во Иран

Подготовки за гласањето во Иран

Во Иран денеска се одржуваат претседателски избори на кои ќе се избира наследникот на актуелниот шеф на државата Махмуд Ахмадинеџад. Анкетите покажуваат дека најмногу гласови ќе освојат поранешниот нуклеарен преговарач Хасан Рохани и конзервативниот кандидат и актуелен градоначалник на Техеран Мохамед Бакер Калибаф.
Во трката за функцијата има уште четири кандидати, а доколку никој не освои мнозинство од гласовите двајцата најдобропласирани ќе се борат во вториот круг на 21 јуни.