ОН-популацијата со раст до 8 милијарди до 2025

ОН соопштија дека очекуваат светската популација да биде зголемена до околу 8,1 милијардa во наредните 12 години односно до 2025 година. Според извештајот, најголем раст на населението се очекува во развиените земји и во Африка.
Во него е наведено дека популацијата во најбогатите земји се очекува да остане непроменета поради миграцијата на луѓе од сиромашните земји. Извештајот покажува и дека популацијата во Индија ќе биде израмнета со Кина во 2028 година, кога двете земји ќе имаат по 1,45 милијарда жители.