ОН: документирани скоро 93 илјади убиства во Сирија

Нави Пилај

Обединетите нации досега документирале скоро 93 илјади смртни случаи од почетокот на конфликтот во Сирија во март 2011 година. Високиот комесар за човекови права Нави Пилај денеска изјави дека вистинскиот број на убиените би можело да биде многу поголем. Според Пилај, од почетокот на декември досега во Сирија биле регистрирани околу 27 илјади убиства. Новиот број на загинати е врз основа на податоци од осум извори, вклучувајќи ја и сириската влада.