Кина не знае каде е Едвард Сноуден

Кинеските власти денеска соопштија дека немаат никаква информација за поранешниот консултант на американската Национална служба за безбедност Едвард Сноуден кој обелодени податоци за американски надзор на телефонски разговори и интернет податоци. Американската администрација ја разгледува можноста против него да покрене кривична пријава за откривање доверливи податоци. 29 годишниот Сноуден пребегал во Хонг Конг во надеж дека ќе успее да избегне кривично гонење.