Генерален штрајк во Грција

Грчките работници почнаа генерален штрајк во знак на протест против ненадејното затворање на државната радио телевизија ЕРТ. Новинските агенции јавуваат дека бил стопиран целиот јавен превоз, а не работат ни државните служби. ЕРТ беше затворена со одлука на владата при што беа отпуштени над 2600 вработени. Владата вети дека ќе формира нова и помала државна радио телевизија.