САД и Велика Британија ветија дека ќе продолжат да и помагаат на сириската опозиција

Државниот секретар на САД, Џон Кери и британскиот секретар за надворешни работи, Вилијам Хаг ветија дека ќе продолжат да и помагаат на сириската опозиција. Сепак двајцата не прецизираа дали тоа подразбира дека нивните земји ќе им испраќаат оружје на бунтовниците. Американската влада во средата направи дополнителни олеснувања на санкциите кон Сирија со цел да им олесни на областите кои се под контрола на опозицијата. Сеуште нема датум околу иницијативата за заедничка средба на сирискиот режим и опозицијата која ја покренаа САД и Русија.