Ракомет: Македонија на чекор до Европското првенство

Селекторот Ивица Обрван

Машката ракометна репрезентација на Македонија синоќа во Цирих ја победи Швајцарија со 27:22, во рамките на квалификациите за Европското првенство што се игра во јануари во Данска. Најефикасен во македонскиот тим беше Наумче Мојсоски со 9 голови.
Со оглед на тоа што во другиот меч од оваа група светскиот првак Шпанија како гостин ја совлада Португалија со 30:23, Македонија за да се пласира на првенството, треба да ја победи Португалија в недела во Скопје.
Сигурен патникк на европскиот шампионат е Шпанија, која ги совлада сите противници во групата.